84-годишен пешак од Куманово тешко повреден во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

На крстосница од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Киро Фетак“ во Куманово патничко моторно возило „шкода фабија“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од селото Матејче-општина Липково, вчера околу 11:40 часот удрило во пешакот М.К.(84) од Куманово.

Loading...

Како што информираат од СВР Куманово, во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply