83-годишна кумановка тешко повредена, откако во неа удрил цитроен

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и тригодишна жена од Куманово е тешко повредена откако во неа удрило возило цитроен управувано од нејзин сограѓанин.

Loading...

– На 18.01.2022 околу 07.50 часот во Куманово на крстосница од улиците „Тоде Думба“, „Драган Стопаревиќ“ и „Панчевачка“ патничко моторно возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) удрило во Б.П.(83), информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата во несреќата Б.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид.

Никола Ивановски