800 лица вчера ставени во изолација, казни за маски издадени на 559 граѓани

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие (15/16.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 860 лица им се издадени решенија за изолација, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација.

Loading...

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 559 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Никола Ивановски

Leave a Reply