8 литри дожд наврнаа во Куманово, врнежите продолжуваат и денеска

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта беше претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни на западот и кои потоа се преместија кон исток. На југоистокот имаше и појава на грмежи.

Loading...

Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринава е облачно, а врнежите краткотрајно се престанати, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Лазарополе, вкупно 35 литри воден талог на метар квадратен. Најмалку наврнале во Скопје Петровец, пет.

Во Куманово во текот на ноќта наврнале осум литри дожд, исто како и во Крива Паланка.

Во текот на денешниот  ден времето ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, поинтензивни во источните делови, велат од УХРМ.

На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 17 до 22 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Leave a Reply