8. јануари неработен ден за сите граѓани

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 7 јануари 2018 година (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари 2018 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, стои во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, МТСП, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.