8 идеи како да ја искористите правилно и целосно секоја шолја кафе

Сподели со своите пријатели

Љубителите на кафето се множат секој ден, коментарите за тоа колку е штетен или корисен кофеинот – исто.

Loading...

Експертите за исхрана, лекари и нутриционисти тврдат дека кафето не е штетно, кога се конзуимира со мерка. Затоа мирно уживајте во секоја чаша од кофеинскиот пијалак, со користење максимално на неговите благодети, следејќи ги следниве “правила”:

1. Не пијте кафе пред 10 часот

Шокантно, но научно оправдано! Истражувања покажуваат дека веднаш по станување човек е во потрага и забележува сè поради зголемените нивоа на кортизол во телото. Тоа е во рамките на час-два, а потоа му се спие и концентрацијата му паѓа, бидејќи и кортизолот се намалува. Тоа е и вистинско време да ставите малку кофеин во телото.

2. Често, но по малку

Научниците тврдат дека кофеинот е поефикасен кога се зема во мали дози, значи може да го поделите кафето на половинки.

3. Не пијте кафе додека се храните

Подобро да помине час по ручекот, кога ви се спие. Не го пијте кофеинскиот пијалак на вечера, ако сакате да имате мирен и здрав сон.

Loading...

4. Кафе пред попладневна дремка?

Според некои истражувања ако пиете кафе 30-60 минути пред попладневната дремка, ќе се разбудите неколку пати попродуктивни и креативни!

 

 

5. Пијте кафе со чаша вода

Кафето има диуретичен ефект, па го консумирате со чаша вода, ќе се заштитите од дехидрација.

6. Број си ги чашите, со кафето не треба да се претерува

Loading...

Прифатено е дека еден возрасен човек не треба да пие повеќе од 40 мг кофеин на ден.Инаку води до раздразливост, вознемирен стомак и инсомнија.

7. Пијте кафе пред вежбање

Не само што ја зголемува концентрацијата и мотивацијата, но и издржливоста, бидејќи ги користи мастите за гориво на телото.

8. И најважно е како го пиете своето кафе

Наместо да додавате шеќер и крем, подобро зачинете го својата кофеински пијалак со бадемово / соја или кокосово млеко. Шеќерот пак заменете го со мед – поздрав и ниско калоричен е.


Leave a Reply