77 мигранти пронајдени во куќа во село Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 17:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Куманово се јавило лице – мигрант и на англиски јазик пријавило дека во куќа во селото Ваксинце, Куманово било физички нападнато од непознато лице во пределот на главата кое му барало пари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Истиот побегнал, а неговото семејство останало во куќата. На местото на настанот биле упатени полициски службеници од СВР-Куманово и Регионалниот центар – Север, бил обавен разговор со пријавителот, но не било констатирано дека е нападнат.

Од страна на полициските службеници во напуштена куќа во селото пронајдени биле 77 мигранти од Пакистан, Сирија и Авганистан, кои ноќеска 30 минути по полноќ биле пренесени до Транзитен центар – Гевгелија.