77 кумановци казнети вчера за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и седум лица од Куманово вчера добиле казна поради неносење заштитна маска, информираат денеска од кумановската полиција.

Loading...

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (03.01/04.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 113 лица не ја почитувалe, стои во соопштението од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од вкупниот број казни на подрачјето на СВР Куманово, најмногу има во Куманово 77, во Крива Паланка и во Кратово по 18.

За прекршителите, како што се наведува во соопштението, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply