77-годишен старец од К’шање со секира нападнал соселанец, па му подметнал пожар

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А. (77) од село Кшање, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид” и “предизвикување општа опасност”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 21.07.2017 година, околу 09,00 часот, на м.в. „Петрева Одаја“ во с.Кшање пријавениот со секира го нападнал С.Н. (63) од с.Кшање. Тој со сечивото од секирата замавнал кон С.Н. и го удрил во раката, нанесувајќи му телесна повреда. По кратко време, С.Н. излегол од својот дом за да го собере добитокот, а пријавениот повторно го нападнал со секира, но го удрил во вилата која С.Н. ја носел со себе.

Исто така, на 02.08.2017 година, околу 01,00 часот, пријавениот дошол до помошните простории на С.Н. и ги запалил сламата и сеното од кровната конструкција, по што пожарот се проширил и во останатите простории, кои целосно изгореле, како и 60 кокошки, 14 грла добиток. С.Н. при гаснење на пожарот се здобил со изгореници по лицето и рацете.