77-годишен пешак тешко повреден во Куманово

Сподели со своите пријатели

Сеумдесет и седумгодишен пешак во Куманово е тешко повреден откако во него вчерало удрило возило на булеварот „Трета МУБ“.

Loading...

– На 15.06.2022 во 09.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Трета Македонско ударна бригада“ и ул.„Тоде Мендол“, патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(44) од Куманово, удрило во Н.Р.(77) од село Черкези, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Никола Ивановски