76-годишна кумановка нова жртва на измамите со огревно дрво

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и шестгодишна кумановка е нова жртва на измамите со продажба на огревно дрво кои се активни секое лето.

Loading...

– На 17.08.2022 година во 17.15 часот во СВР Куманово, 76-годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 7.000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното лицето ѝ понудило огревни дрва за поевтина цена на што таа се согласила и му дала половина од договорената сума,а другиот дел се договориле да му ги исплати откако ќе ги донесе дрвата.

Лицето ги земало парите, но дрва не ѝ донело.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од кумановската полиција.

Никола Ивановски