76-годишна Французинка призна дека подметнала 11 пожари

Сподели со своите пријатели

76-годишна жена од Франција призна по апсењето дека подметнала 11 пожари, објави денес францускиот BFMTV.

Loading...

Според извештаите, жена од градот Кастелмеран на југот на Франција е уапсена под обвинение за подметнување пожари во нејзината општина од 2022 година.

Таа призна дека подметнала 11 од 13-те пожари за кои беше обвинета.

Како што изјавила, фрлала потпалки на насипите што се граничат со сувите полиња.

За време на претресот, истражителите пронашле запалки во нејзиното возило, како и уреди за палење во нејзиниот дом, што е во согласност со методот што се користи за овие пожари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Монах во Тајланд уапсен за проневера на донации

Таа вели дека дејствувала од „фрустрација“.

На психијатарот кој ја прегледал додека била во полициски притвор, нејзиниот мотив му изгледал веројатен, според BFMTV.

„Нејзината депресија би можела да ги објасни нејзините постапки“, заклучил тој за време на сослушувањето.

Loading...

Обвинителот, од своја страна, го истакна „ризикот од повторно извршување на кривично дело“ за обвинетата.

Таа беше притворена и се соочува со казна затвор до 10 години откако се појави на рочиштето во судот во Монтобан. Судењето е закажано за 3 октомври.