74 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и четири возачи вчера биле казнети за возење со брзина над дозволената на автопатот од Гевгелија до Куманово.

Loading...

Во текот на вчерашниот ден (05.03.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 74 возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, шест се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply