712 лица во изолација во Куманово

Сподели со своите пријатели

На подрачјето на Куманово моментално има регистрирани 712 лица кои се во изолација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Во изолација на територијата на општина Старо Нагоричане се 21 лице и општина Липково 41.

Моментално во Куманово и Старо Нагоричане 69 лица се наоѓаат во самоизолација и 25 во општина Липково.

На подрачјето на СВР Куманово се регистрирани 6 лица кои не го почитувале решението за изолација и 9 лица кои не го почитувале решението за самоизолација и против нив се поднесени соодветни пријави.

Полициски службеници од СВР Куманово редовно преземаат мерки за контрола на лицата кои се наоѓаат во изолација и самоизолација.

Никола Ивановски