Фрактура на бутна коска и нагмечена глава се дијагнозите со кои двајца бегалци од ПЦ Табановце биле испратени во Општа Болница Куманово, јавува Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информациите доставени од Здравствениот дом.
Во меѓувреме, уште тројца бегалци, поточно економски мигрант од Пакистан и двајца бегалци од Авганистан се згрижени на Одделот за хирургија и гинеколошкото одделение, без посебни детали што всушност се случило да бидат згрижени во болнички услови.
Како што јавува РЦУК, до моментот на изготвување на дневниот билтен, на ПЦ Табановце се регистрирани 670 бегалци од Авганистан. Бегалците се сместени во бараки и во големите шатори, а во текот на денот им биле обезбдени по три оброци.
Регионалниот центар за управување со кризи јавува дека досега, вкупно 40 вработени лица кои чистат и собираат смет од пунктот за помош на бегалци во Табановце и на Железничка станица Куманово се вакцинирани против болеста Црвен тифус.
Loading...