70 години живееле во среќен брак: На 99 години бара развод!

Сподели со своите пријатели

Претседателот и основач на Италијанската академија за брачни адвокати, Гиан Еторе Гасани, навел неколку причини и разни случаи на развод.

Loading...

Тој посочи дека луѓето обично се одлучуваат на тој чекор на возраст од 50 до 60 години. Сепак, тој спомена и еден исклучок – развод што го побарал 99-годишен старец.

Антонио, сега 99-годишен, и неговата три години помлада сопруга Роза, се венчале во нивните триесетти години од минатиот век. Љубовта на парот траела сè додека не ги открил писмата на Роза во кои дознал дека неговата сакана го изневерила.

Иако измамата се случила пред 60 години, Антонио не можел да и прости.

По повеќе од 70 години брак, пет деца, десетина внуци и едно правнуче, Антонио реши да поднесе барање за развод.

„Секогаш има некои случаи што не сме ги виделе досега, луѓето постари од дури 80 години бараат развод за да можат да започнат нов живот“, рече италијанскиот адвокат.

Антонио и Роза станале најстарата брачна двојка што некогаш поднела барање за развод.

Пред нив, рекордот го држел пар од Велика Британија.

Loading...

Leave a Reply