70 години НАТО утре ќе се одбележат во Куманово

Сподели со своите пријатели

На паркингот пред градските базени во Куманово, утре со почеток во 13.00 часот Министерството за одбрана и Армијата, во соработка со Општина Куманово орханизираат отворен ден на Армијата за граѓаните.

Loading...

Настанот е дел од активностите со кои се одбележува неделата на НАТО, 70 – годишнината од основањето на Алијансата и напредокот на Република Северна Македонија кон членство во НАТО.

-На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, да ја проследат познатата точка на припадниците на баталјонот за почести „Егзирцир“ и да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата кои ќе бидат изложени од страна на припадниците на армијата, информираат од Генералштабот.

Активностите кои ќе бидат прикажани на отворениот ден ќе ги проследат и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на здружената оперативна команда генерал-мајор Павле Арсоски, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и претставници на јавните претпријатија, училишта и организации од локалната самоуправа.

Leave a Reply