Седум од 10 Германци трошат помалку енергија поради највисоката инфлација во последните децении, а половина од нив ги намалиле трошоците за слободни активности, покажа истражувањето.
Во април уделот на оние кои трошеле помалку енергија изнесува 63 отсто, покажува истражувањето на Инфратест димап за телевизијата АРД, во кое учествувале 1.273 граѓани.
Домаќинствата со пониски примања најмногу ги менуваат своите навики, па така две третини од нив ги намалиле секојдневните набавки и трошењето за слободни активности и одмор.
Повисоките животни трошоци ги променија и приоритетите на домаќинствата со просечни примања, па буџетот за рекреативни активности е намален за 50 отсто, покажува истражувањето објавено во четвртокот.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.