7 намирници за повеќе енергија после лошо спиење

Сподели со своите пријатели

Зајакнувачкиот сон кој трае 7-8 часа е клучен за функционирање во текот на денот. И што да направите ако не спиете доволно претходната ноќ?

Loading...

Одредена храна и пијалоци можат да ви помогнат да ја подигнете енергијата и „херојски“ да го издржите денот без поголеми проблеми …

Нутриционистите ги препорачуваат овие седум хранливи намирници кои ќе ви помогнат полесно да го пребродите денот исполнет со обврски, без да се чувствувате поспано и слабо цело време…

 

 

1. Вода

Најдобар лек за поспаност. Водата е неопходна за мозокот, кожата, срцето и целото тело. Секогаш носете шише вода со вас и испијте неколку голтки секогаш кога ќе почувствувате поспаност.

2. Кафе и чај

Се препорачува умерена доза кофеин особено ако сте поспани. Нутриционистите посочуваат дека пиењето кафе и чај има значителни здравствени придобивки, од подобрување на работата на срцето до борба против мозочен удар.

Loading...

 

 

3. Ореви и семиња

Одличен избор за одржување енергија во текот на денот. Овие намирници се полни со здрави масти, протеини и влакна кои ви се потребни за да се чувствувате енергично.

4. Овошје и зеленчук со висока содржина на целулоза

Овошјето, зеленчукот, житарките и мешунките содржат влакна кои можат да помогнат да се одржи стабилно ниво на шеќер во крвта во текот на денот. И тоа е многу важно за да се избегне пад на енергијата во текот на денот.

5. Јајца

Ова е енергетска бомба која ви помага да „станете“ кога сте поспани. Тие се богати со протеини и се одличен извор на витамин Б12, кој им помага на клетките да апсорбираат енергија.

 

Loading...

 

6. Храна богата со калциум

Млечните производи, сојата, сардините и лиснатите зеленила се одличен избор кога треба да ја зголемите енергијата. Исто така, тие се богати со протеини кои го решаваат проблемот со поспаност, летаргија и пад на концентрацијата.

7. Храна богата со железо

Недостатокот на железо може да доведе до општ замор, па дури и анемија. За редовно да добивате енергија, задолжително внесете храна богата со железо во вашата исхрана, како спанаќ, кељ, црвено месо и школки.