Ако до сега сте го одложувале патувањето во Единбург, ова е понуда што сигурно нема да ја пропуштите ако сте љубител на кафе.
Гевлаија кафе е во потрага по некој да живее како член на кралското семејство на замокот Карловри, а покрај џепарлакот од 4,475 евра, примателот на оваа услуга ќе има личен батлер, оброци, приватни часови со наградуван производител на кафе, спа услуги и секако неограничено кафе.
Изградбата на замокот започнала во 1852 година и е дело на архитектот Дејвид Ринд. Замокот го нарачал Томас Хачисон, кој не доживеал да остане во него.
Со генерации, замокот е надграден и разубавен за да се претвори во спектакуларно место за разни настани по 2012 година, пишува Lonely Planet.
Еден таков прекрасен настан е седумдневниот кралски одмор за среќниот што ќе биде избран.
Иако Гевлија кафе е во потрага по кралица на кафето, конкурсот не е отворена само за жени, а доколку имате американски пасош, треба да аплицирате овде до 21 декември.