6G мрежата ќе биде монтирана на фасади и канделабри, а брзината ќе биде неверојатна!

Сподели со своите пријатели

Истражувачите развиле нов концепт на евтини терахерц применици. Во овој контекст, безжичниот пренос на фреквенциите на THz претставува особено привлечно и флексибилно решение за новите мобилни 6G мрежи, кои ќе бидат достапни најрано во 2028 година.

Loading...

Истражувачите од Технолошкиот институт Карлсруе (КИТ) развија нов концепт за нискобуџетни терахерци-приемници кој се состои од единствена диода во комбинација со посебна техника за обработка на сигналот.

Со цел истовремено да опслужуваат што е можно повеќе корисници и да пренесуваат податоци со најголема брзина, идните безжични мрежи ќе се состојат од голем број мали радио ќелии.

Во овие радио ќелии, растојанијата се мали, така што високите стапки на податоци можат да се пренесат со минимална потрошувачка на енергија и ниски електромагнетни емисии. Поврзаните базни станици ќе бидат компактни и лесно може да се монтираат на фасадите на зградите или уличните светла.

 

 

Терахерц приемниците сè уште се прилично сложени и скапи и често претставуваат тесно грло за ширина на опсег за целата врска. Во соработка со Вирџинија Диоди во Шарлотсвил, САД, истражувачите од Институтот за фотоника и квантна електроника на КИТ, Институтот за микроструктурна технологија (ИМТ) и Институтот за физика и технологија на зраци (IBPT) развија едноставен и евтин приемник за терахерци сигнали. Во основа, приемникот се состои од една диода, која го коригира терахерцниот сигнал и нуди висок опсег.

Loading...

Користејќи го својот концепт за приемник, научниците постигнале брзина на пренос од 115 Gbit/s на носечка фреквенција од 0,3 THz на растојание од 110 метри, што е највисока стапка на пренос на податоци досега за безжичен пренос на терахерци над повеќе од 100 метри.

Ресиверот за терахерци, развиен од КИТ, се истакнува со својата техничка едноставност и овозможува економично масовно производство.

6G базни станици во шахти, осветлување, sидови…:

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

Leave a Reply