69 казни за неносење маска во Куманово, едно прекршување на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Шеесет и девет казни напишала полицијата во текот на изминатото деноноќие во Куманово, а регистрирано е и едно прекршување на полицискиот час.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (25.03/26.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 117 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се од Куманово 69, во Крива Паланка 25 и во Кратово 23.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 1 лицe не ја почитувалo забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply