67 здруженија ќе добијат пари од општината за реализација на културни манифестации (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седум здруженија, организации, фондации од Куманово ќе добијат пари за реализација на манифестации, активности од областа на културата, информираа на денешната прес-конференција надлежните од секторот за култура од општината.

Loading...

Куманово од буџетот одвои 7.030.000 денари за поддршка на културата.

Јавниот повик на кој можеа да аплицираат заинтересираните заврши на 16-ти февруари годинава и комисијата за разгледување на поднесените барања, формирана од градоначалникот прифатила 67 апликации, а 28 биле одбиени, бидејќи не ги исполнувале условите.

– Ова е прв јавен повик од ваков тип објавен од општината за кој имаше голема заинтересираност и како општина се стремиме да продолжиме во иднина да ја издигнеме културата на повисоко ниво, со што ќе ги поттикнеме граѓанските здруженија, фондациите, субјектите да ја развиваат културата-изјави раководителот на секторот, Александар Крстевски.

 

 

Одговарајќи на новинарски прашања, Крстевски информираше дека најмногу пари 750.000 денари се одвоени за 18-тиот Меѓународен тамбурашки фестивал.

Loading...

– Сите резултати ќе бидат истакнати на официјалната страна на општината. Согласно барањата, во согласност со тоа колку изминативе години имаат добиено средства се дводелни слични финансиски средства, бидејќи ги бараат за исти потреби-изјави Крстевски.

Надлежните велат дека се одобрени средства на околу 30-тина нови организации