67 казни за неносење маска, едно прекршување на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седум казни напишала полицијата во Куманово во текот на изминатото деноноќие поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, а едно лице го прекршило полицискиот час.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (22.03/23.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 101 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 67, во Крива Паланка 17 и во Кратово 17.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 1 лицe не ја почитувалo забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply