65 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и пет казни вчера напишала полицијата на автопатот од Гевгелија до Куманово поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (03.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 65 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, како што појаснуваат од полицијата, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply