65.714 евра грант од Јапонската амбасада за Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Амбасадата на Јапонија во Виена потпиша пет грант договори кои ќе обезбедат вкупно 302.020 евра помош за пет проекти во Македонија. Два од проектите се однесуваат на реновирање со цел да се закрепне од штетите нанесени од поплавите во 2015 година и два проекта со помош за моменталната бегалска/мигрантска криза.

Проектите се финансирани од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти“ (Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects (GGP)) основана од Владата на Јапонија.

Вкупно 65.714 евра се наменети за помош во Табановце, каде е сместен транзит кампот за бегалци кои ја минуват границата кон Србија. Раководењето со отпадот во селото претставувало проблем и пред бегалската криза, а поради ситуацијата отпадот е зголемен за 20%. Јавното претпријатие на општината е во недостаток на камиони и затекнато од ситуација – се вели во соопштението од Амбасадата на Јапонија.

Јапонскиот грант ќе финансира модерен камион за отпад и 30 контејнери за да помогне во Табановце и во Општина Куманово да се реши проблемот со животната средина.