64 заболени од грип и симптоми слични на грип, минатата недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на октомври, лани до денес, на подрачјето на Куманово  во Центарот за јавно здравје,  регистрирани се 150 пациенти заболени од грип и со симптоми слични на грип, информираа, денеска надлежните од оваа здравствена установа.

Loading...

Најголем број на заболени има последнава недела кога биле регистрани  64 пациенти.Од вкупниот број на пациенти од почетокот на сезоната, 44 лица побарале  помош од лекарите на инфективното одделение во кумановската општа болница.

-106 од  заболените се во возрасната категорија од 15 до 64 години, по што следат 30 заболени од детската популација од 5 до 14 години-изјави, раковидтел на одделениот за епидемиолошка дејност, доктор Јадранка, Стаменковска, од Центарот за јавно здравје Куманово.

Во однос на лани, годинава има поголем број на заболени лица од грип.

Претходно со вакцина против грип се вакцинираа над 2000 лица.

Епидемиолозите очекуваат како и претходните сезони да расте бројот на заболени особено кон крајот на јануари и почетокот на февруари.

Лекарите советуваат примена на хигиено-дитетески режим при првични симпоми на грип, мирување, внесување на доволно течности, витамини, проветрување на просториите.

Доколку симптомите се влошат, тогаш, болните треба да  побараат помош  од матичните лекари, а оние со компликации на инфективното одделение од кумановската болница.

Loading...

МИА

Leave a Reply