64 кумановци вчера казнети за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четири лица во Куманово вчера биле казнети поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (02.03/03.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 104 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни санкции, најголем дел се во Куманово 64, во Крива Паланка 26 и во Кратово 14.

За истите, како што информираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply