63 кумановци вчера казнети за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Шеесет и тројца кумановци вчера биле казнети од полицијата поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (25.02/26.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 100 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 63, во Крива Паланка 27 и во Кратово 10.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply