63 казни вчера напишани во Куманово за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Шеесет и три лица во Куманово вчера биле казнети поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (31.05/01.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на  Секторот за внатрешни работи Куманово 80 лица неја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од изречените прекршочни налози, велат од полицијата, биле во Куманово 63, во Крива Паланка 7 и во Кратово 10.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply