62 казни за брзо возење денеска во Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција денеска напишала 62 казни за управување возило со брзина над дозволената.

Loading...

– Денеска (20.02.2021) полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територијата на Куманово и Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, како што додаваат, санкционирани се 62 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Покрај тоа, од сообраќај биле исклучени 12 возила поради други прекршоци.

Никола Ивановски

Leave a Reply