62-годишник од Слупчане тешко повреден во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен жител на липковското село Слупчане е тешко повреден во сообраќајна незгода што вчера се случила на регионалниот пат Куманово – Липково.

Loading...

– На 04.08.2021 околу 14.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Куманово – село Липково и улица „11 Ноември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(62) од село Слупчане, општина Липково и патничко возило „мерцедес“, со белгиска национална ознака, управувано од Б.А.(27) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.А., констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply