60 милиони евра се инвестираат во патната инфраструктура во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На вкупно 500 километри патна мрежа во државата се работи во овој момент, од кои над 120 километри само околу Куманово, рече денеска министерот за трапосрт и врски Горан Сугарески при неговата посета на магистралниот пат Куманово – Свети Николе кој се реконструира активно оваа лето.

Loading...

Околу 60 милиони евра, според министерот Сугарески се инвестираат во патната и комунална инфраструктура во Куманово.

– Предвидени се уште 450 километри да се реконструираат патишта низ целата држава, некаде сме на средина од градежната сезона, и очекувам до крајот на градежната сезона се она што сме го исполниле преку ЈП за државни патишта, дали преку кредитни линии, нивни средства, дали по основ на Македонија пат, навистина целосно ја подобриме патната инфраструктура и на тој начин да обезбедиме поголем, побрз и побезбеден транспорт на граѓаните од нашата држава, изјави Сугарески.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, регионалниот пат Куманово – Свети Николе целосно ќе биде реконструиран во должина од 42 километри, бидејќи како што вели по Тито никој не чепнал ништо на овие патишта.

Loading...

– Кога прашав кога последен пат овој пат е чепнат ми рекоа од времето на Тито, значи 50 години никој овие патишта не ги погледнал. И друг пат имам кажано не е лошо да се градат нови патишта, но тоа не значи дека треба да ги заборавиме старите патишта и да ги оставиме на забот на времето. Патот Куманово – Свети Николе 42 километри, веќе 10 километри е комплетно завшен, 15 километри е завршен со прв слој асфалт и од следната недела започнува вториот слој, изјави Китанов.

Рокот за завршување на магистралниот пат според Китанов е до пролетта, сепак изведувачот ќе се потруди целосната реконструкција да заврши до крајот на оваа градежна сезона.

Паралелно со оваа магистрала, распишани се тендери за два моста, а на Градежниот факултет завршува проектирањето за големиот т.н. „Искрин мост“ на реката Пчиња, кој ќе чини околу 2,5 милиони евра.

Увид со Китанов и Сугарески денеска изврши и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој истакна дека на овој начин Владата му се одолжува на Куманово, како што претходно и ветила.

Loading...

Гребаниот асфалт е отстапен на Општината, а Димитриевски денеска информираше дека се користи за рурални патишта во селата од тој дел на градот.

– Голем бенефит од целата аквитност, покрај граѓаните имаат руралните средини, затоа што целата количина на отпадниот или гребан асфалт се даде на општината која истиот го користи за тампонирање на локални и рурални патишта и поранешната општина Орашец во најголем дел е покриена со тие количини. Ќе продолжиме со тој дух, соработката на централно и локално ниво е одлична за сега и секако дека граѓаните се тие кои ќе го почуствуваат главниот бенефит. Средствата кои се вложуваат се сериозни и ќе продолжиме и за следната гоидна во таква реализација, затоа што Куманово се наоѓа на една таква битна крстосница во државата, минуваат сериозни коридори од исклучително значење не само за државата, туку и регионот и пошироко, изјави Димитриевски.

Инаку во Куманово ативно се работи и на реконструкција на пругата Куманово – Бељаковце, а комплетно завршени се двата моста по кои минува трасата, додека третиот на влезот во населбата Перо Чичо активно се работи.

Leave a Reply