6 причини зошто треба да јадете кикирики: Го зачувува здравјето на срцето и помага при губење на вишокот маснотии

Сподели со своите пријатели

Долго време, имаше контроверзија за тоа дали и колку се здрави кикириките, сe додека не се утврдат сите здравствени придобивки.

Loading...

Можете да јадете кикирики сирови, како намаз или како составен дел на многу салати и јадења, а придобивките се големи, бидејќи е богата со растителни влакна, витамини, хранливи материи и антиоксиданси.

1. Го намалува нивото на холестерол

Иако кикириките се богати со калории, многу студии покажуваат дека кикириките и путерот од кикирики помагаат во намалување на холестеролот и триглицеридите.

 

 

2. Го контролира нивото на шеќер во крвта

Loading...

Едно истражување сугерира дека појадокот со кикирики може да помогне во контролата на шеќерот во крвта во текот на денот, дури и ако сте јаделе ручек полн со јаглени хидрати.

3. Содржи добри масти и помага при слабеење

Иако има многу калории и маснотии, кикириките не влијаат на зголемување на телесната тежина. Конзумирањето на овој мешункаст може да помогне во одржувањето на виталноста и спречување на дебелината, но и да изгубите вишок килограми под услов да го јадете со минимална количина сол или несолен.

 

 

4. Ја подобрува меморијата

Кикириките се храна за мозокот. Истражувањата докажаа дека витаминот Б3 што се наоѓа во кикириките дава многу здравствени придобивки, што вклучува подобрување на функцијата на мозокот и мемориските способности.

Loading...

5. Поддржува варење

Кикириките исто така содржат влакна, кои се корисни за мазна функција на цревата и варење. Ако сакате да го намалите ризикот од рак на дебелото црево, како и формирање на камења во жолчката, предлагаме да го внесете овој познат мешункаст плод во вашата редовна исхрана.

 

 

6. Добро е за здравјето на срцето

Меѓу придобивките за здравјето на луѓето, се чини дека оваа е најпознатата. Благодарение на високото ниво на мононезаситени и полинезаситени масти, кикириките можат да го одржат човечкото срце здраво.

Особено, олеинската киселина во кикириките може да го намали лошиот холестерол (ЛДЛ) во крвта и да го зголеми добриот холестерол (ХДЛ). Затоа, кикириките се способни да спречат мозочен удар и коронарна срцева болест со зголемување на здравите липиди во крвта.

Loading...

Сепак, една група луѓе не смеат да ја конзумираат оваа храна, а тоа се оние кај кои предизвикува алергии.

Поради алергенскиот ефект, кикириките не се препорачуваат за мали деца.