58 возачи вчера казнети за брзо возење во Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден полицијата казнила 58 возачи на територијата на општините Куманово и Липково поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територија на Куманово и Липково.При тоа санкционирани се 58 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Покрај тоа од сообраќај биле исклучени 8 возила поради други прекршоци и 92 поради неносење маски.

Никола Ивановски

Leave a Reply