58 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Сподели со своите пријатели

58 казни вчера напишала полицијата на автопатот од Гевгелија до Куманово, поради брзо возење.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (19.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 58 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли, како што информираат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply