58 лица казнети за неносење маска во Куманово, едно за непочитување на полициски час

Сподели со своите пријатели

Педесет и осум лица во текот на изминатото деноноќие во Куманово добиле казна поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето, додека едно лице е казнето поради непочитување на забраната за движење по 22 часот.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14.03/15.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 98 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 58, во Крива Паланка 23 и во Кратово 17.

За истите, како што информираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 1 лицe не ја почитувалo забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply