57-годишен кумановец ќе одговара за поседување хероин

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишен кумановец заработи кривична пријава, откако полицијата кај него кон крајот на април пронашла хероин.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(57) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 30.04.2020 во Куманово, на улицата „Правда Спасовска“, при извршен преглед на пријавениот од страна на полициски службеници, бил пронајден и одземен хероин.

Никола Ивановски

Leave a Reply