560 кривични дела во првото полугодие годинава во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 560 кривични дела биле регистрирани во текот на првото полугодие од 2022 година, што е за 10,7 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Loading...

Ова денеска го покажа извештајот кој пред Советот на Општина Куманово го презентираше заменик командирот на Полициска станица од Општа надлежност Куманово, Суад Ајдари.

Реализацијата на кривичните дела сепак останува висока на 70,4 отсто.

– Имајте предвид дека првото полугодие од 2021 година имаше ковид 19, имаше изолации, рестрикции и ред други работи. Ако се вратиме на извештај од 2018 и 2019 процентот ќе биде некаде ист со 2022, потенцираше заменик командирот Ајдари.

Во првите шест месеци годинава кумановската полиција поднела 339 кривични пријави против 424 сторители.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  46-годишен кумановец пријавен за исчезнат

Најголем дел од кривичните дела, според извештајот, или 437 се од класичниот криминал каде се бележи зголемување од 14 отсто.

– Од вкупен број на кривични дела 26 се против живот и тело, 16 се телесна повреда, две тешки телесни порвреди, шест загрозувања со опасно орудие при тепачка или караница и две убиства во обид. Кривични дела против слободи и права на човек и граѓанин има 9 кривични дела, три загрозување на сигурност, четири злоупотреба на податоци, едно малтретирање во служба и едно грабнување, рече заменик командирот Ајдари.

 

Loading...

 

Од областа на имотните деликти регистрирани се 244 кривични дела, што е зголемување во однос на истиот период лани кога имало 191.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цариниците запленија 6.800 евра на ГП Табановце (ФОТО)

Во првото полугодие годинава регистрирани биле 95 кражби, 127 тешки кражби, две разбојништва, две прикривање, осум измами, една уцена, две одземање на моторни возила и седум затајувања. Притоа откриени се сторители на 92 кривични пријави, со вкупна реализација од 37,7 отсто.

Регистрирани се 62 кривични дела од областа на безбедност на јавен сообраќај и сите се расветлени. 52 биле загрозување безбедност во сообрќаај, осум тешки дела против безбедноста на луѓе и имот во сообраќај и две неукажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа.

Минатата година немало позначително нарушување на јавниот ред и мир и биле регистрирани 22 кривични дела, од кои најголем дел насилство.

Намалување се бележли кај економскиот криминалитет и тоа од 18,6 отсто.

Регистрирани 59 кривични дела за непостапување според здравствени прописи при пандемија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сиљановска Давкова на 2 Август во Пелинце

Во однос на недозволена трговија откриени биле 25 случаи на неовластено производство и пуштање во промен на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, а осум за недозволено држење оружје или раскрскувачки материјали.

– Организиран криминал, има регистрирани пет кривични дела со пет кривични пријави за пет сторители. Регистрираните кривични дела се три криумчарење мигранти, две фалсификување пари, едно примање поткуп од претходна година, рече командирот.

Од областа на јавен ред и мир има зголемување за 5,1 отсто, каде доминираат физички напади, карање и викање, учество во тепачка и лажно пријавување.

Според извештајот во првото полугодие годинава се спроведени и бројни превентивни кампањи преку Отсекот за превенција.

Никола Ивановски