56 години музеј Куманово

Сподели со своите пријатели

Националната установа Музеј Куманово одбележува 56 години од постоењето, информираа денеска надлежните од установата.

Loading...

Оваа година реализирани скоро сите предвидени настани, согласно протоколите, завршени се речиси сите истражувања од повеќе области. Утре, ќе биде отворена изложбата на Марина Цветановска, а до крајот на идната недела ќе завршат археолошките истражувања на локалитетот Градиште (Пчиња).

Музејот првично почнал да работи како секција на општина Куманово заедно со архив уште во 1951 година, по што архивот станува посебна институција, а подоцна се формира и музејот како историски. Во 1978 година се формираат уште две одделенија, за археологија и етнологија. Наредната година музејот станува народен музеј. Низ годините се зголемувал бројот на вработени и во 2004-та година музејот станува национална установа, бидејќи е комплексен музеј со повеќе оддели.

– Денес, музејот има околу 40-тина вработени во шест оддели. Оваа година согласно состојбата привршуваме со активностите. Остануваат уште неколку за да се заокружи годината. И за наредната година според првичните сознанија од Министерството за култура очекуваме сличен  буџет како овогодишниот кој изнесуваше 1,7 милиони денари-изјави директорот на установата, Богдан Таневски.

И наредната 2021 ќе се реализираат истражувања од археологија, историја, историја на уметност, ќе се уредува лапидариумот, сите одделенија ќе имаат свои проекти.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *