55 случаи на грип во Куманово во првата недела годинава

Сподели со своите пријатели

Во првата недела од 2025 година во Куманово биле регистрирани 55 случаи на сезонски грип, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Loading...

На ниво на Македонија биле пријавени 331 случаj, односно 47,1% повеќе во споредба со претходната недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со првата недела од минатата сезона е намален за 67,7%.

Во однос на возрасната дистрибуција, 168 лица се на возраст од 15-64 години, 101 кај деца на возраст од 5-14 години, 42 кај деца на возраст од 0-4 години и 20 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фатен крадец на дело во Куманово

Највисока инциденца (47,0/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години, а кај децата од 0-4 години инциденцата изнесува 43,5/100.00.

Заболените се пријавени од 12 ЦЈЗ/ПЕ, Дебар – 123, Куманово – 55, Гостивар – 40, Скопје – 36, Тетово – 23, Кавадарци – 20, Струга – 12, а во Струмица, Кратово, Битола, Берово и Радовиш бројот на заболени е околу или помал од 10.

– Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој сè уште е под неделната граница за сезонска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има спорадична активност на вирусот на грип во текот на изминатите 14 недели на надзор. Согласно овие податоци, Р.С. Македонија има низок интензитет на вирусот на грип, велат од Институтот за јавно здравје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Голф“ излета од пат во Липково, двајца повредени

Никола Ивановски

Loading...