04.02.2019 23:59

55 лица починаа од грип во Хрватска


Од грип или последиците поврзани за грипот досега во текот на оваа сезона во Хрватска починале 55 лица, што е двојно повеќе од минатата година, а болниците од Дубровник до Загреб се преполни со пациенти, пренесуваат хрватските медиуми повикувајќи се на предупредување од Заводот за јавно здравје на Хрватска.

– Ова е исклучителна сезона што се однесува до интензитетот. Тука не е важен само бројот на заболени, важен е и бројот на хоспитализирани кои развиле тешки компликации, кои често завршуваат со смртни исходи. Тоа е она што упатува на тешка сезона на грипот, рекол за Индекс, др. Владимир Драженовиќ од заводот.

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments