53 возачи казнети за пребрзо за четири часа на територија на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

За четири часа денеска полицијата напишала 53 казни за пребрзо возење на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– Денеска (20.06.) во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 53 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Засилените сообраќајни контроли, велат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply