53 кумановци вчера добиле казни за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Педесет и тројца граѓани на Куманово вчера добиле казни за неносење на заштитна маска на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (07.01/08.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 75 лица не ја почитувалe, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од вкупниот број евидентирани прекршувања по однос на уредбата, најголем дел се во Куманово 53, во Крива Паланка 15 и во Кратово 7 .

За прекршителите, како што појаснуваат од СВР Куманово,  ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply