51 мигрант пронајдени во дом на жител на Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Педесет и едно лице мигранти вчера открила полицијата во куќа на жител на селото Ваксинце.

Loading...

– На 14.06.2020 во с.Ваксинце, кумановско, од полициски службеници бил извршен претрес во домот на Т.Ќ.(59), при што биле пронајдени 51 мигрант, од кои 38 од Пакистан и 13 од Авганистан, меѓу кои имало и шест малолетни лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Известен бил и Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply