50 кумановци вчера казнети за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Педесет граѓани на Куманово вчера добиле казна од полицијата поради непочитување на задолжителната законска обврска за неносење заштитна маска на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (11.02/12.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 90 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози сево Куманово 50, во Крива Паланка 25 и во Кратово 15.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply