5 причини зошто треба да јадете смокви

Сподели со своите пријатели

Смоквите се исклучително здраво овошје кое има уникатен, сладок вкус и текстура, и се полни со крцкави семиња. Свежите смокви се многу деликатни; затоа често се сушат и се прават џемови и слатки.

Loading...

Можете да уживате во сувите смокви преку целата година и тие се лесно достапни, додека кај свежите ситуацијата е поинаква, па затоа треба да го искористите времето додека ги имате.

Тие се карактеристични за областа на Блискиот Исток и Медитеранот, каде што се толку ценети што Грците го забранија нивниот извоз.

Смоквите се богати со природни шеќери, минерали и апсорбирачки влакна. Минералите кои преовладуваат во ова овошје се калиум, калциум, магнезиум, железо и бакар. Тие се многу богат извор на антиоксиданси, витамини А и К и го промовираат општото здравје на организмот.

 

 

Смоквите често се препорачуваат како многу ефикасен, природен лаксатив поради количината на влакна што ја содржат.

Loading...

Повеќето од нас користат повеќе натриум во нашата исхрана, што доведува до недостаток на калиум, а нерамнотежата помеѓу овие два минерали може да доведе до висок крвен притисок.

Исхраната богата со свежо овошје и зеленчук, вклучително и свежи смокви, природно го зголемува нивото на калиум и со тоа го намалува крвниот притисок.

Поради диеталните влакна, смоквите можат да бидат одлично уживање ако сте на диета и сакате да изгубите тежина. Храната богата со растителни влакна обезбедува чувство на ситост, спречува глад и желба за слатки.

Нутриционистите наведуваат шест придобивки од ова овошје, поради што треба да се консумира што е можно почесто.

 

 

1. Високо ниво на природни шеќери

Loading...

Високото ниво на фруктоза ќе обезбеди мозокот да работи побрзо, подобро да ги прима и сортира информациите. Се разбира, дијабетичарите треба да бидат внимателни кога конзумираат суви смокви, бидејќи содржат повеќе шеќер отколку свежите.

2. Сувите смокви се одличен извор на многу хранливи материи

Тие се и практичен и нутритивно вреден оброк за рекреативни спортисти и професионалци, а во комбинација со ореви можат да бидат извонредна закуска. Чајот од смокви лечи болести на црниот дроб, грлото, органите за дишење, камења во жолчката …

3. Содржат растителни стероли

Корисниот ефект од конзумирање смокви врз нивото на холестерол во крвта е докажан. Растителни стероли како што се стигмастерол и ланостерол, кои се содржани во смоквите, се врзуваат за молекулите на холестерол во цревата и на тој начин ја попречуваат неговата апсорпција.

 

 

Loading...

4. Антиканцероген ефект

Бројни студии открија поврзаност со потенцијалните антиканцерогени ефекти на смоквите. Врските што се испитуваат во научните истражувања покажаа ветувачки резултати, особено кога станува збор за рак на простата и кожа.

5. Висок процент на вода

Плодот на свежата смоква содржи 80 проценти вода. Затоа, придобивките од конзумирање смокви се многукратни. Слаткиот богат вкус на смокви оди совршено со солени вкусови, како што е овчо или козјо сирење, можеме да го додадеме во разни компоти или јадења со пилешко или мисиркино. Можеме да направиме компот, џем и ферментирани пијалоци од свежи смокви.

 

Loading...