5 казни за неносење маска во Куманово, две прекршувања на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Пет казни биле напишани во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Општина Куманово поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, додеак две лица биле казнети за прекршување на полицискиот час.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (01.06/02.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 11 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 5, во Крива Паланка 2 и во Кратово 4.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 2 лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply