5 факти за Лиз Трас што треба да ги знаете

Сподели со своите пријатели

Со заминувањето на Борис Џонсон, Лиз Трас (47) беше назначена од кралицата Елизабета Втора за премиер на Велика Британија.

Loading...

Затоа ви пренесуваме пет работи што треба да ги знаете за неа за да бидете во тек.

1. Трас е третата жена премиер на Велика Британија во историјата, по Маргарет Тачер и Тереза Меј.

Интересен е податокот дека кога имала само седум години ја имитирала Маргарет Тачер на училиште.

Триесет и девет години подоцна, таа навистина ги следи стапките на „Челичната лејди“ и стана лидер на Конзервативната партија и премиер.

2. По долга политичка битка за премиер на Велика Британија, Трас стана наследник на Борис Џонсон, кој беше соборен од лидерската позиција по низа скандали што ја загубија поддршката од партијата.

Но, нејзината работа не е лесна, бидејќи, според британските медиуми, новата премиерка веднаш ќе биде под притисок да објави план за справување со вртоглавите сметки за струја.

Покрај тоа, Трас ја наследува економијата што пропаѓа во земјата, со највисока инфлација во последните 40 години.

Loading...

3. Лиз Трас има 47 години, има сопруг и две деца. Покрај богатиот приватен живот, таа има и богата политичка кариера.

Имено, таа е 12 години пратеник, а осум години министер во кабинетот. На премиерското место доаѓа од функцијата министер за надворешни работи.

4. Лиз е во брак со сметководителот Хју О’Лири. Таа е родена во Оксфорд, а пораснала во Шкотска и Лидс.

5. Пред да влезе во политиката, Лиз работела како сметководител и економист.