48 случаи на коронавирус досега, се тестираат уште 35 лица

Сподели со своите пријатели

До 16 часот се регистрирани шест нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка сега изнесува 48, информираше министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Loading...

Во Штип за прв пат во земјава е дијагностициран вирусот кај девојче на 4-годишна возраст кое се инфицирало во градинка во Англија.

Семејството се вратило на 14 март и биле во домашна изолација. На тестирање се јавиле во текот на вчерашниот ден на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, два дена откако девојчето ги почувствувало симптомите.

Девојчето е на инфективното одделение со мајката, се проширува епидемиолошката анкета и ќе се испитаат сите за кои треба, информираше министерот Филипче.

Во Дебар се регистрирани три нови случаи, сите биле избрани со пошироко тестирање во рамките на скринингот започнат во тој регион.

Во Скопје е потвден еден случај, лице кое имало контакт со веќе претходно потврдените случаи од пред два дена.

Уште еден случај е потврден во Гостивар, жена која е вратена од Швајцарија. По пристигнувањето била во домашна изолација, се јавила сама на тестирање и навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија. Контактирани се сите членови на нејзиното семејство, се работи на дополнителни евентуални контакти.

Во овој момент се тестираат дополни 35 лица, за што резултатите ќе бидат соопштени кога ќе ги завршат здравствените работници.

Loading...

– Сите пациенти се стабилни со непроменета клиничка слика, пациентката која е на респираторна машина е со стабилни витални параметри нема знаци за влошување на состојбата. Денеска е направена домашна визита кај сите на домашно лекување, даден им е алгоритам како да се однесуваат, изјави Филипче.

Направен е план за лекување на веќе заболените или оние со симптоми на коронавирусот во болницата „8ми Септември“ во Скопје.

– Со оглед дека се изнудува друг тип на лекарска интервенција на пациенти кои се сомнителни или имаат потврден коронавирус и со цел да се зачуваат останатите капацитети, направивме посета со посебна комисија, директори на повеќе клиники, претставници на Комисија за инфективни болести, се утврди текот на движење на пациентите, делови за изолација, приемни амбуланти, посебна операциона сала, ехо дијагностика и посебен одел со 22 кревети и две респираторни машини, изјави министерот.

Веќе се работи планот за посебни пунктови во здравствениот дом Скопје, каде ќе се врши поширок скрининг на сомнителни случаи, со оглед дека е започната локална трансмисија и во овој град.

Никола Ивановски

Leave a Reply